Можеби сте знаеле, а можеби и не, но Русија има тајна армија за лажно претставување на земјата во јавноста. Се работи за стотици блогери и коментатори кои се платени да го „напаѓаат“ интернетот со „кремлински“ објави. Двајца поранешни вработени во оваа армија зборуваа со „Гардијан“.
Според нивните разговори со медиумот, блогерите и коментаторите работат во 12-часовни смени во зграда во Санкт Петербург. Условите се опишани како „безхуморни и драконски“. Секако, работниците ја чуваат работата во тајност и добиваат плата на рака.
Еден поранешен блог објаснува како еднаш биле принудени да коментираат и пишуваат за земјата на лични блогови.
„Моравме да пишуваме ,обични објави' за рецепти и музика која ја сакаме, но одвреме-навреме да споменеме нешто политичко, на пример да напишеме дека владата во Киев е фашистичка или слично.“
„Гардијан“ зборуваше и со втор вработен, кој бил платен да коментира.
Тој опишува како тимовите работеле според метод во групи од тројца. Првиот ја започнувал дискусијата, понекогаш со жалба, а потоа двајца други вработени објавувале политички работи. Тие имале задача да коментираат за политичката ситуација во Украина, притоа коментирајќи во полза на Русија.
Следниот пат кога ќе прочитате нешто убаво за Русија, имајте на ум дека можеби читате нешто од овие платеници.