„Шампањот е наш и готово!“ - велат независните руски медиуми, по неодамнешната одлука на рускиот претседател Владимир Путин дека шампањ може да се нарекуваат пенливите вина произведени само во Русија.
Новата руска „анексија“ овој пат удри на името „шампањ“, односно пенливото вино произведено во францускиот регион Шампањ, по кој било именувано ова пенливо вино и има ексклузивно право на тоа. Но, сега Путин донесе закон според кој може да се нарекува шампањ само пенливото вино произведено во Русија, и е суспендиран увозот на најпознатиот и најпрестижниот француски производител на шампањ „Моет Хенеси“. Ако сакаат да останат на рускиот пазар, Русија им постави ултиматум: мора да го преименуваат нивниот производ во „пенливо вино“.
Според одлуката на Путин, само рускиот шампањ може да го користи тоа име, а шампањот произведен во францускиот град Шампањ, ќе мора да се откаже од ова име. Има и луѓе кои предлагаат рускиот регион Кубањ каде се произведува руски шампањ,
Путин да го преименува Шампањ, за да се средат работите.
Фото: Freepik
Како оваа руска игра ќе помине во странство не се знае, но со францускиот шампањ под тоа име, во Русија е готово. Според рускиот бизник-весник „РБК“, Русија годишно увезува околу 50 милиони литри шампањ, од кои само 13 отсто се француски, а 2 отсто припаѓаат на „Моет Хенеси“. Законот е донесен за да се заштити земјата, руската винска индустрија, и да се зајакне онаа во Крим, полуостров што Русија во 2014 година ѝ го зеде на Украина.
Рускиот политиколог Игор Ејдман вели дека одлуката шампањот од Франција да се нарекува пенливо вино, а рускиот „газиран бучкуруш“ да се нарекува шампањ, е всушност квинтесенција на политиката на Путин. Според него, во Русија ќе биде онака како што вели шефот, па и гомното ќе биде бонбона ако тој прогласи така.
Уште во времето на СССР, во оваа земја се користи името шампањ (најпознат бил „советскиот шампањ“), кој Русија продолжи да го користи и по распадот на СССР, и покрај тоа што Французите бараа терминот да го заменат со пенливо вино.
Исто така, Путин донесе уредба за терминот „руски коњак“, ној тој ќе се однесува само на коњак што е 100 отсто произведен во Русија, бидејќи за увезениот коњак се користи терминот „дестилат коњак“. За потсетување, Русија и Украина имаат спор околу правата на борш (супа од цвекло), па сѐ почесто се користат етнички“ имиња за тој специјалитет - руски, односно украински борш, иако и двете земји се обидуваат да го присвојат.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото:
Instagram