Во пониските одделенија на основното образование можеби е прифатливо да има платформи кои ќе нудат прегледување на учебни материјали, видеа и други мултимедиски содржини. Но во повисоките одделенија на основното, како и во средното и високото образование, овие платформи треба да бидат значително понапредни. Тие треба да нудат персонализирано искуство на секој најавен корисник, овозможувајќи му да го приспособи начинот и темпото на учење на своите можности – смета проф. д-р Анастас Мишев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје.
Учењето од далечина го отвори и прашањето како треба да изгледа една современа платформа за учење. Што треба да содржи од дидактички, но и од технички аспект.
Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК.