Нивоата на неутрализирачки антитела на една личност по вакцинирањето или природната инфекција може да помогнат во предвидување на нивото на имунолошка заштита, посочува едно истражување.
Неутрализирачките антитела се во можност успешно да се поврзат со вирусот, намалувајќи ја неговата способност да зарази други клетки. Дејвид Кури од Универзитетот во Јужен Велс во Сиднеј, Австралија, и неговите колеги анализирале податоци од седум истражувања за вакцини и едно истражување спроведено на луѓе што биле заразени со ковид-19 и оздравеле.
Користејќи податоци за имунолошки реакции и забележана заштита од симптоматска инфекција со коронавирусот, истражувачите ја моделирале врската помеѓу неутрализирачките нивоа на антитела и заштитата од болести.
Тимот открил дека неутрализирањето на нивото на
антитела е високо предвидливо за имунолошката заштита и може да се искористи за да се предвиди ефикасноста на различната вакцина за ковид-19.
Истражувањето, објавено во „Нејч медисин“, посочува дека неутрализирањето на нивото на антитела може да се искористи како начин за брзо проценување на нивото на заштита што едно лице ќе го има кон вирусот - таканаречена корелација на заштита. Ова може да ги забрза испитувањата за вакцини со тоа што ќе помогне брзо да се идентификуваат кандидатите за вакцини кои веројатно ќе дадат заштита. Исто така, тоа може да им помогне на истражувачите да предвидат како имунитетот на една личност може да се промени со текот на времето.
Врз основа на нивната анализа, научниците предвиделе дека заштитата од инфекција ќе почне да опаѓа по неколку месеци, па затоа може да бидат потребни таканаречени „бустер-дози“ во рок од една година по вакцинирањето. Сепак, заштитата од тешка болест може да биде значително потрајна со оглед на другите елементи на имунолошкиот систем кои можат да играат поизразена улога на долг рок.
Извор:
Newscientist.com
Фото: Freepik