X
 20.08.2023 Живот

Намалувањето на дозволената брзина го намалува бројот на несреќи, но ги зголемува казните

Повисокото ограничување на брзината доведувa до малку поголем број сообраќајни незгоди. Од друга страна, пониското ограничување на брзината го намалува бројот на сообраќајни несреќи, но го зголемува бројот на казните.

Низ САД, неколку сојузни држави неодамна воведоа законски предлози кои ќе ги подигнат максималните ограничувања на брзината на автопатите. Следствено, американската автомобилска асоцијација спроведе истражување и анализираше податоци од десетина патни делови каде што ограничувањата на брзината неодамна беа зголемени и намалени, со цел да се види што треба да се направи.

Нивното истражување покажа дека зголемувањето на максималната дозволена брзина донело малку повеќе несреќи, додека ограничувањето на брзината на малку пониски нивоа довело до помалку несреќи. Сепак, намалувањето на ограничувањето на брзината резултирало и со поголем број казни издадени за непочитување на (новата) граница, што сугерира дека јавноста мора да биде подобро информирана за таквите измени.

Било заклучено дека намалувањето и зголемувањето на ограничувањето на брзината имаат незначително влијание врз просечното време на патување, освен намалувањето на бројот на несреќите. Зголемувањето на максималната дозволена брзина на возење не секогаш ги има предностите на кои посочуваат теоретичарите, велат од организацијата, истакнувајќи дека не постои единствено решение за сите патишта.

Во изминатите две години на американските патишта загинале 42.000 луѓе, најмногу во изминатите 16 години.

Извор: Autonet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот