Полуавтономниот град Хонг Конг го тресат протести по контроверзниот закон за екстрадиција со кој им се дозволува на осомничените да бидат вратени во Кина за испрашување. Тоа отвори стари рани. Поранешната британска колонија, која им беше вратена на Кинезите во 1997 година, имаше непријатен однос со Кина, обидувајќи се да го задржи својот посебен статус во договорот како „една земја, два системи“.
Обидите на кинеската Комунистичка партија за понатаму да ја наметне својата волја на островот резултираа со продемократски протести и граѓанска непослушност особено кај младите, кои го пронајдоа својот глас во „Чадор револуцијата“ во 2014 година, кога окупираа голем дел од Хонг Конг цели 79 дена.
Сега активистите повторно се на улица, овој пат во уште поголем број. Се проценува дека околу 2 милиона луѓе, односно 25 отсто од населението, учествувале во протестите досега, принудувајќи ги локалната власт и Пекинг да го преиспитаат својот став. Но, ова не се диви, насилни бунтовници. Жителите на Хонг Конг сосема поинаку ги спроведуваат протестите. Покажувајќи дисциплина, единство и почит кон нивниот град, ова е израз на моќта на луѓето, нешто од кое сите можеме да научиме кога се соочуваме со угнетувачка и недемократска политика од оние на власт.
Фотографиите се пример како жителите успешно се залагаат за своите граѓански права.