X
 19.06.2023 Живот

Најмалиот ресторан на светот: Има една маса, а гостите треба да почитуваат сериозни правила

Ако мразите гужва во ресторани или сакате интимна атмосфера за двајца, можете да одите во италијанското селце Ваконе, каде што ве чека ресторанот „Соло пер дуе“ (италијански: Само за двајца).

Овој италијански ресторан за двајца, кој работи повеќе од три децении, се наоѓа на еден час северно од Рим, во рурална куќа од 20 век опкружена со прекрасна градина и палми.



Според сопственикот, најмалиот ресторан на светот е екстравагантно место каде есклузивното искуство чини нешто повеќе од 450 евра. За оваа цена, гостите можат да уживаат во шампањ, врвни вина, јадење месо или риба, како и персонализиран десерт - торта што може да се персонализира со натпис по желба.

Тестенини во облик на срце, ракчиња и школки, се дел од јадењата на менито во кои гостите можат да уживаат. За оние кои сакаат нешто посебно, на нивно барање може да се организира приватен возач кој ќе ги земе гостите.

Според рецензиите на гостите, искуствата се различни. Додека едни тврдат дека си поминале најдобро досега, други сметаат дека таквото искуство не вреди за парите и премногу туристичко.



Процедурата за резервација на вечера во овој ресторан функционира така што ќе се јавите во вечерните часови и ќе ги договорите деталите за вечерата. Бидејќи побарувачката е голема, потребно е да резервирате месеци пред посакуваниот датум и да пристигнете десет дена порано. Правилата се строги, па ако стигнете порано од предвиденото време за да го разгледате ресторанот, може да наидете на затворени врати.

Потребно е да им јавите на сопствениците половина час пред вашето пристигнување.

Интересно е и тоа што сопствениците нема да ви ги кажат имињата, бидејќи како што велат, тие не се важни, туку важно е вашето искуство. Доза на тајност и приватност има и за време на самата вечера, па келнерите нема да ви пречат доколку не им заѕвоните со сребрено ѕвонче.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот