X
 05.07.2016 Образование

"Вистинското образование се состои од извлекувањето на најдоброто од човек"

Таткото на индиската нација и големиот поборник на ненасилството, Ганди еднаш рекол: „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“. Како олицетворение на човечката способност за вистински хуманизам, Ганди е познат како Махатма, што значи „голема душа“.

Ганди бил човек кој секогаш на прво место го ставал мирот, над сите политички и идеолошки конфликти. Тој сметал дека образованието не завршува со писменост, туку тоа е постојано присутно во развојот на детето:

„Најголема штета е тоа што луѓето воопшто не знаат што е вистинското образование. Мислиме дека вреди само она кое може да се претвори во материјално богатство, а не она кое го збогатува карактерот“.

„Вистинското образование се состои од извлекувањето на најдоброто од човек. Дали може да постои подобра книга од книгата на човештвото?“

„Мудрите родители на своите деца им овозможуваат да прават грешки. За нив е добро привремено да се изгорат на прстите“.

„Доколку развојот на умот и телото не одат рака под рака со соодветното будење на душата, ова ќе се покаже како недостојна еднострана работа. Правилниот и сеопфатниот развој на духот не може да се организира само кога се одвива рака под рака со развојот на физичката и менталната способност на детето.

„Под образование подразбирам сеопфатно извлекување на најдоброто од детето и од возрасниот човек, разум и дух. Писменоста не е крај на образованието, не е ниту почеток. Тоа е само еден од начините на кои човек може да стекне образование“.

„Би сакал кај детето да ги развијам неговите раце, мозок и душа. Рацете скоро атрофирале. На душата никој не обрнува внимание“.

„Што се однесува до љубопитноста на децата во однос на фактите на животот, треба да им ги кажеме ако ги знаеме, и да го признаеме нашето незнаење ако не ги знаеме. Децата знаат многу повеќе работи отколку што претпоставуваме. Ако тие нешто не знаат, а ние одбиеме да им кажеме, тие ќе се обидат да пронајдат одговор на недоличен начин“.

„Физичкото воспитување, ракотворбите, цртањето и музиката треба да одат рака под рака за да се добие најдоброто од децата, и кај нив да се поттикне вистински интерес за учење“.

„Не сакам мојата куќа да биде заградена од сите страни, а прозорците запечатени. Сакам културите од сите земји да лебдат околу мојата куќа, колку што е можно послободно. Одговорно тврдам дека почитувањето на другите култури може само да го следи почитувањето и усвојувањето на нашата“.

„Децата многу повеќе и со помалку напор прифаќаат со своите уши отколку своите очи. Не се сеќавам дека со моите ученици сум прочитал книга корица до корица. Сепак, им дадов сопствен јазик, сето она до кое дојдов читајќи разни книги и се осмелувам да кажам дека тие до ден денес сето тоа го помнат“.

„Да сум лажго, би ми било залудно децата да ги учам за вистината. Плашливиот наставник никогаш нема да биде во можност да ги научи своите деца што е хероизмот, а оној на кој самовоздржувањето му е непознато, никогаш нема да може на своите ученици да им ги пренесе вредностите на самовоздржување. Затоа сфатив дека морам да бидат постојан предмет на подучување на момчињата и девојчињата кои живеат со мене. На тој начин тие станаа мои учители, а јас сфатив дека морам да живеам правилно, само заради нив“.

„Добрината мора да се дружи со знаењето. Човек мора да го зачува квалитетот на префинетоста разликувајќи го квалитетот кој доаѓа со духовната храброст и карактер. Човек мора да знае во клучни ситуации кога треба да зборува, кога треба да молчи, кога да работи и кога да се воздржува“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование