X
 22.08.2020 Здравје

Како да користите слушалки без да го оштетите слухот?

Целото општество стана поповрзано со помош на технологијата, а користењето на слушалките за слушање музика многу се зголеми.

Тие овозможуваат уживање во музиката или разговорот со пријателите од целиот свет, без разлика дали сте на плажа или во автомобил. Тоа е особено добредојдено со оглед на моменталната ситуација, кога виртуелните состаноци станаа секојдневие. Иако сите само зборуваат за нивните добри страни, прашањата за опасностите од постојаното користење слушалки ретко се поставуваат. Постои и здраво користење на слушалките, а вие само треба да знаете колкава гласност е доволна и кога треба малку да одморите од нив.

На кој начин звукот може да предизвика губење на слухот?

Звукот е важен за комуникација, но средното уво е многу чувствително на балансот на звуците што ги прима од околината. Постојат илјадници клетки во ушите, а некои од нив се одговорни за пренос на звукот од увото до мозокот, каде што тој се обработува.

Гласниот звук може засекогаш да го оштети слухот, односно да предизвика штети во клетките, што ќе го наруши механизмот за пренос на звукот. Штета може да настане и преку поврзувањето меѓу клетките, кое ќе биде нарушено од силниот звук. Накратко, прегласниот звук може да биде штетен.

Фото: Pixabay

Колку е прегласно?

Центарот за превенција на болести детално објасни за децибелите и нивното влијание врз слухот. Едно од поважните нешта што треба да се запомнат при користење слушалки кои се ставени на максимален волумен од 105 до 110 B. На пример, изложеноста на висина на звук од 85 dB може да предизвика оштетување на увото во рок од два часа, додека максималната јачина може да го направи тоа за 4 минути. Звукот под 70 dB нема да го оштети звукот. Ова е важно да се знае бидејќи е чест начин на уништување на слухот.

Колку е предолго?

Покрај гласноста, и времето на употреба на слушалките е важен фактор кој може да придонесе за можно оштетување на слухот. Едноставно кажано, гласната музика има поголем потенцијал да го оштети слухот за кратко време. Експертите предупредуваат дека секој работник изложен на врева од 85 dB подолго од 8 часа мора да има заштита. Иако ова можеби ви звучи премногу, ако слушате музика на слушалки кои се малку погласни од наведеното, штетата може да настане по само еден час, што веројатно и ќе го поминете слушајќи музика. Добро е да се запомни дека со слушање музика која не е прегласна нема никаква штета. Но, балансот и во овој случај е многу важен, па освен гласноста, важно е и да се внимава колку долго се користат слушалките.

Предлози за безбедно користење слушалки

Слухот може да биде оштетен како последица на силен звук, а во комбинација со долготрајно користење може да предизвика и губење на слухот. Еве неколку препораки како да го зачувате здравјето и да уживате во музиката:

-Следете колку време во денот користите слушалки и колку е гласен звукот;
-Направете пауза ако сте ги користеле долго време;
-Ако одите на настан на кој ќе има многу гласна музика, понесете си чепчиња за уши;
-Нека не ви биде проблем да поразговарате со експерт кој ќе одговори на сите ваши прашања во врска со сигурното користење на слушалки.

Нашето здравје зависи од нас и важно е да преземаме мерки за да се заштитиме.

Извор: ordinacija.vecernji.hr
Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје