X
 21.10.2015 Здравје

Зошто е важно да се масираат стапалата пред да си легнете?

Масажата е најлесниот начин за да постигнете релаксација и зачување на здравјето. Името потекнува од арапскиот збор „massa“ што значи допир.

 

2


За состојбата на мускулите, кои го движат нашето тело, во најголема зависи држењето и изгледот. Масажата влијае врз мускулите такашто се истегнуваат и собираат, па стануваат поцврсти и воедно поопуштени, бидејќи со масажа го отстрануваме вишокот на насобрани млечни киселини кои предизвикуваат грчеви и болки во мускулите. Покрај тоа, масажата поттикнува и олеснува варење и е од голема помош, но исто така е и еден од начините за лекување на одредени состојби во телото.

 

Секоја масажа е одлична за телото, но масажата на нозете има особено големи придобивки за целото тело бидејќи релаксира, подмладува, го намалува отокот, ја зголемува циркулацијата, го подобрува сонот, ја подобрува функцијата на зглобовите и мускулите и го намалува крвниот притисок.


Истражувањата покажуваат дека кратката масажа од 5 до 10 минути за секое стапало пред спиење помага во квалитетот на спиењето и го намалува ризикот од несоница. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје