X
 19.07.2022 Живот

Во Албанија има недостиг на спасувачи, летово се удавиле 11 лица

Единаесет лица се удавија оваа летна сезона на албанското крајбрежје поради недостиг на спасувачи.

На повеќето плажи во Албанија нема спасувачи или има минимален број на луѓе што ги набљудуваат туристите, посочуваат албанските медиуми.

Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени.

Летото 2021 година најмалку четири лица се удавија додека пливаа по должината на албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.

- Според одлука на Владата, секое правно лице што има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува - пренесуваат албанските медиуми.

Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, рече дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи.

Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19-годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат (15) и неговиот другар.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот