X
 27.12.2018 Образование

Албанската влада попушти пред студентите

Албанската влада соопшти дека ги исполнила барањата на студентите во државните универзитети, кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели.

Во документот се наведува дека владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите.

Таксите за студирање ќе бидат намалени за најдобрите студенти, кои ќе добијат 10.000 леки (92,5 долари) месечна стипендија. Сите други ќе плаќаат двојно помали такси.

Пакетот вклучува и зголемување на буџетот, кој се издвојува за државните универзитети, за 5 проценти од бруто-домашниот производ и подобро сместување на студентите.

Еден од организаторите на протестите, групата наречена „За универзитетот“, изјави дека одлуката на владата доаѓа многу доцна. Групата не е задоволна од високата такса за магистерски степен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование