X
 02.03.2022 Култура

Филмови што би требало да ги гледа секој студент по психологија

Студентите по психологија (и оние што ја сакаат психологијата) не треба да ги пропуштат следните психолошки филмови.

„Мементо“ (англ. Memento)



Филмот го следи Лени Шелби, личност која страда од губење на помнењето. Тој се обидува да го најде убиецот на својата жена, а начинот на кој се соочува со својата состојба е преку запишување на мислите и информациите на хартија и преку тетоважи.

„Лет над кукавичјото гнездо“ (англ. One Flew Over the Cuckoo's Nest)



Оваа класика дава шокантна слика на менталните институции во 60-тите години, но и поглед на дисфункционалниот облик на групна психотерапија.

„Пеколен портокал“ (англ. A Clockwork Orange)


Филмот е адаптација на истоимениот роман на Ентони Бурџис, а се занимава со деликвентните млади лица, насилството и појавата на контракултура.

„Црниот лебед“ (англ. Black swan)


Нина сака да биде најдобра балерина и ќе направи сѐ за да ја добие главната улога во „Лебедово езеро“. Приказната ја следи перфекционистката која под стрес паѓа во сѐ подлабоки проблеми.

„Џокер“ (англ. Joker)


Еден од најпознатите негативци од стриповите доби своја филмска адаптација во 2019 година. Измалтретиран и отфрлен од општеството, пропаднатиот комедијант Артур Флек се врти кон криминалот и подоцна станува познатиот Џокер.

„Психо“ (англ. Psycho)


Овој класик на Хичкок има сѐ, од морничава атмосфера, неизвесност, хорор, тајни до темнината на човечкиот ум.

„Машинист“ (англ. The machinist)


Филмот го следи главниот лик кој страда од несоница, нагласувајќи го прашањето што е сон, а што јаве.

„Островот Шатер“ (англ. Shutter Island)


Главниот лик Теди Дениелс се обидува да ги открие тајните на една ментална институција на изолиран остров.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура