X
 19.09.2018 Економија

Платите на Вол стрит највисоки по кризата

Платите на Вол стрит минатата година се искачиле на највисоко ниво од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Извештајот за рекордниот профит на Вол стрит дојде десет години по колапсот на гигантот меѓу инвестициските банки, „Лиман брадрс“.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведе дека податоците за заработката на Вол стрит ги добила преку финансиската контрола на сојузната држава Њујорк.

Просечната заработка во трговијата со хартии од вредност во градот Њујорк во 2017 година била 422.500 долари, што е за 13 отсто повеќе отколку во годината со најголема заработка по 2008 година.

Работите во трговија со хартии од вредност носи најголема заработка од сите занимања во Њујорк. Тие покриваат 21 отсто од платите во целиот приватен сектор од тој град, иако сочинуваат помалку од 5 отсто од сите работи во приватниот сектор.

Профитот пред плаќањето на данокот минатата година во секторот хартии од вредност бил 24,5 милијарди долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија