X
 19.09.2019 Живот

Американските воздушни сили ги повикуваат хакерите да упаднат во систем на сателит

Американските воздушни сили наскоро ќе издадат невообичаена покана за етичките хакери да се инфилтрираат и да преземат контрола врз воените сателити што орбитираат околу Земјата.

Вестите доаѓаат по еден месец откако воздухопловните сили ги поканија хакерите да го прекопаат софтверот на борбениот авион „Ф-15“ и да најдат ранливост. Воздушните сили наводно биле толку задоволни од резултатите на тоа хакирање, што ја продолжуваат програмата и следната година, ставајќи ѝ крај на долготрајна традиција на затворање за надворешни експерти за подобрување на сајбер-безбедноста.

Наскоро воздушните сили на САД ќе побараат од хакерите да се вклучат во предизвикот да ја преземат контролата врз камера на активен сателит. Хакерите можат или да го таргетираат сателитот или неговата контролна станица на Земјата, истакна Вил Ропер од воздухопловните сили.

- Ќе имаме можности за натпреварувачите да ги направат двете нешта, но она што ќе треба да го направат е да се обидат да ја преземат контролата врз сателитот со кои било средства што ќе ги најдат - рече тој.

За време на хакирањето на „Ф-15“, повеќето проблеми наводно биле поврзани со одредени компоненти изградени од помали соработници кои немаат ресурси да ги осигураат производите толку добро како поголемите компании.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот