X
 27.06.2017 Живот

Дали сте чуле за годината кога летото воопшто не пристигнало?

Позната е и како „годината без лето“, 1816-тата била најбизарната година откако постои метеоролошка документација.

Додека јануари и февруари поминале вообичаено, во март се случило значително заладување.

Во април и мај дождот не престанал да паѓа, во јуни и јули мразот бил секојдневна појава, а во Њујорк паднал околу еден метар снег.

Европа била погодена од страшно невреме, а бројни реки се излеале од коритата. Овие невообичаени појави нанеле огромни штети во земјоделството ширум светот, а цената на храната се зголемила десетпати.

Никој немал објаснување  зошто наместо лето стигнала зима, сè до 1920 година, кога американскиот научник Вилијам Хемфрис ја поставил денес широко распространетата хипотеза за тој климатски феномен.

Хемрис открил дека во април 1815 година се случила ерупција на вулканот Тамбора која во атмосферата исфрлила многу тони вулканска пепел.

Облакот што настанал по ерупцијата бил со таква големина, што поголемиот дел од северната хемисфера бил покриен со дебел слој од прашина и пепел, но дури во мај 1816 година станало јасно дека нешто не е во ред.

Мразот ги уништил сите посеви, а гладот кој се појавил предизвикал општествени немири, бунтови, пропаѓање на цели човекови заедници и пораст на стапката на криминал.

„Годината без лето“ според бројни научници е главен виновник за појавата на една од најсмртоносните епидемии на тифус во историјата. Додека студот ја парализирал  северната хемисфера, монсуните ја опустошиле јужната, поттикнувајќи го ширењето на колера, од која животот го загубиле неколку десеттици илјади луѓе.

Ирска после тоа доживеала катастрофална глад, а Кина, иронично, била принудена наместо да произведува ориз да се ориентира кон садење на далеку попрофитабилниот афион, со што придонела во создавањето и проширувањето на пазарот со опиум.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот