X
 19.10.2022 Живот

Вработени во ЈСП протестираат пред Владата

Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред другите институции поради неисплакање на септемвриската плата.
Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најави дека ќе штрајкуваат сѐ додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „ќе бидат пред Владата и другите институции додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.

- Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. Она што е наша услуга ние ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски - рече Арсовска.

Од Владата, пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот