X
 19.11.2019 Технологија

Демонстранти „убија“ дрон користејќи стотици ласери

Како одговор на сè поголемите трошоци за јавен превоз, Чилеанците излегоа на улиците и сега протестите еволуираа и вклучуваат пошироки грижи за нееднаквоста, а демонстрантите користат високотехнолошки трикови за да ја оттргнат полицијата.

Поточно, еден полициски дрон беше онеспособен и падна на земја откако стотици демонстранти ги насочија нивните ласери кон него. Импровизираното светлечко шоу овозможува илустрација на трката на футуристичкото оружје.

Чилеанците не се првите демонстранти што онеспособиле полициска технологија со ласери. Демонстранти од Хонгконг користеа ласери за да изгаснат безбедносни камери опремени со технологија за препознавање лица. Исто така, Чилеанците не се првите што онеспособиле дронови со ласери - тоа е сè почеста воена техника, иако тие ласери се помоќни. Во овој случај ласерите веројатно не го изгореле дронот, како што би можел воен ласер. Наместо тоа, ласерите веројатно ја заслепиле камерата на пилотот или им попречиле на вградените сензори за висина и довеле до итно слетување.
Chilean protesters take down a police drone with lasers! from r/nextfuckinglevel

Кристофер Вилијамс, извршен директор на компанијата за развој на решенија за заштита од дронови „Ситадел дефенс компани“, не смета дека ласерите ќе станат алатка за борба против набљудувањето. Според него, постојат многу други технологии што се помалку подривачки и обезбедуваат порентабилна контрамерка.

Сепак, не е јасно која од тие мерки може да стане сеприсутна на улиците како што се ласерите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија