Островот Хормуз се наоѓа јужно од Иран во Персискиот Залив и често се нарекува „остров на виножитото“ поради шарената песок што го прави популарно туристичко место.
Во обид да ги рефлектира разнобојниот
пејзаж и топографија, фирмата „ЗАВ архитектс“ дизајнирала мала населба што се состои од повеќебојни куполи што се преклопуваат во интересни комбинации за да се создадат домови и културни простори за молитва, кафулиња и други услуги.
Оваа повеќенаменска населба, позната како „Презенс ин Хормоз“, не е само за сместување, туку е олицетворение на промена на парадигмата за заедницата.
Фото: DJI
- Локалните жители на прекрасниот туристички и политички стратешки остров се борат за егзистенција вклучувајќи се во активности на нелегална трговија со своите бродови. Овој проект за урбан развој има цел да ја заживее локалната економија со помош на членовите на заедницата - занаетчии и неквалификувани работници - велат од „ЗАК архитектс“.
Фото: Tahmineh Monzavi
- Во земја што се бори со политички спорови надвор од нејзините граници, секој архитектонски проект станува предлог за внатрешни алтернативи на управување, поставувајќи основни прашања: кои се границите на архитектурата и како може таа да предложи политичка алтернатива за заеднички живот - додаваат од компанијата.
Фото: Tahmineh Monzavi
Формата и необичните бои на населбата со куполи ја прават неверојатно архитектонско парче, но контекстуалното и културното значење што стојат зад градбата ја прават уште посоодветна за уникатниот остров.
Извор:
Mymodernmet.com
Сите фотографии се направени од
ZAV Architects,
Tahmineh Monzavi,
DJI,
Soroush Majidi и
Payman Barkhordari.