Станот во Лондон во кој живееле Кејт и Пипа Мидлтон се појави на пазарот на недвижности со цена од околу 1,9 милион фунти.
Станот е сместен во квартот Челси, во близина на централен Лондон, каде што живеат ѕвезди како Хју Грант, Роман Абрамович итн.
Фамилијата Мидлтон го купила станот со три спални и две бањи за своите ќерки во 2002 година по цена од 780.000 фунти. Станот е на
три ката, со дневна соба и трпезарија во еден комбиниран простор, мала кујна и две спални соби со посебни бањи.
Веројатно ќе си помислите дека ова и не е типичен стан во кој две 20-годишни девојки би го минале најлудиот период од својот
живот.