Еден наставник бил трогнат од гестот на неговите ученици кои одлучиле да му се заблагодарат за трудот што го вложувал за што поквалитетно одржување на наставата на далечина.
Пандемијата на коронавирус ги затвори училиштата и факултетите, па наставата сега се одвива преку платформите за видеосостаноци. Така, учениците го изненадиле својот наставник со едноставен гест.
– Не гледам дека на некој му е вклучена камерата. Тоа е некоја нова „кул“ работа? Слушнав дека во некои одделенија сега никој не вклучува камера, дури ни наставниците – загрижено праша наставникот Браун.
Во еден момент помислил дека направил нешто поради што не ги гледа своите ученици.
– Д-р Браун, ние сакавме да направиме нешто за вас – рече една ученичка, на што наставникот праша: – Со исклучени камери?
Потоа ученичката ги повика соучениците да ја вклучат камерата. Сите го направија тоа и притоа подигнаа хартија на која пишува: „Ви благодариме“.
– Ви благодарам. Почекајте само секунда – рече наставникот бришејќи си ги солзите со ракавот, станувајќи да земе шамивче.
– Имаше проблеми со онлајн-учењето, но д-р Браун успеа да остави силен впечаток врз своите ученици. Драго ни е што успеавме да му покажеме колку е посебен и колку ни значи – порачаа учениците, чиј пример го следеа и други, па сега на „Тик-ток“ можат да се најдат многу слични примери.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube