X
 19.12.2023 Живот

Ќерка ми има 6 години и не кажува за голема нужда. Што да направам?

Мојата ќерка има 6 години и е многу хиперактивна, љубопитна и премногу друштвена. Не посетуваше градинка бидејќи е многу тешко за запишување. Дома имаме активности, учиме да пишуваме букви, бројки, цртаме и добро го владее англискиот јазик. Но имаме еден проблем – за одење по мала нужда кажува, но за голема не кажува. Кога ќе ја прашам зошто не кажува, одговорот е не знам или така. Упорно го прави тоа и не можам да сфатам што е проблемот. Пробав со добро, со лошо, ѝ објаснувам дека тоа не е убаво и од кои причини, но ќе ми каже: „Добро, мамо, веќе нема да правам така“, и тоа трае до следниот пат. Ако може да ми дадете совет како да се справам со овој проблем.


Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот