Доколку планирате со автомобил да ја посетите Барселона, добро би било да знаете дека градските власти ставаат рестрикции на автомобили што загадуваат повеќе. Станува збор за автомобили на бензин регистрирани пред 2000 година, но и автомобили со дизел-мотори регистрирани до 2006 година, кои од следната година повеќе нема да бидат добредојдени на улиците на овој град.
Ваквите автомобили нема да можат да се возат во текот на работен ден, од 7 часот наутро до 20 часот навечер, а оваа мерка ќе погоди 50.000 автомобили. Рестрикциите се однесуваат и на комбиња, автобуси, камиони, а со оваа мерка загадувањето треба да се намали за 15 отсто.
Според достапните податоци, воздухот во градот има прилично лош квалитет, па дури има и влијание врз смртноста на прерано родените деца.
Подрачјето во кое овие автомобили ќе бидат забранети се протега на дури 95 квадратни километри. Надзорот ќе се спроведува со помош на 150 камери, а оние што ќе го прекршат законот ги чека парична казна во износ од 100 до 500 евра. Возачите имаат три месеци да се навикнат и дотогаш нема да се казнуваат, туку само ќе се
предупредуваат.