X
 17.08.2015 Наука

Која била најголемата вулканска ерупција во светот?

На 10 април 1815 година, Тамбора ја произвела најголемата ерупција позната на планетата во последните 10.000 години. Вулканот еруптирал повеќе од 50 кубни метри магма и потоа се распаднал формирајќи калдера.

 

tambora

 

Ерупцијата произвела глобално климатски ефекти од кои загинале повеќе од 100.000 луѓе, директно и индиректно.

Масивниот стартовулкан Тамбора го формирал 60 километарскиот широк остров Сангар на северниот дел на островот Сумбава. Вулканот првично се подигнал на околу 4.000 метри надморска височина пред масовна експлозија да го уништи неговиот врв. Лавата во голема мера ја исполнувала раната калдера околу 10.0000 години, пред неговата активност да биде изменета во доминантно експлозивни ерупции, кулминирајќи во ерупцијата од 1815 година.

Ерупцијата во 1815 година испразнила 50-150 кубни километри магма. Произвела гигантска ерупција, која се проценува дека постигнала повеќе од 40 километри надморска височина, исфрлајќи голема количина на пепел и аеросол во стратосферата.

Пирокласичните текови го достигнале морето од сите страни на полуостровот, тефрата ги уништила културите, и предизвикала 60.000 смртни случаи.

Овие промени ја претвориле 1816 година во „година без лето“, предизвикувајќи голем глад. Се проценува дека е причинител за смртта на повеќе од 100.000 луѓе.

Причината за климатските промени била зголемената апсорпција на сончева светлина поради превезот на аеросолите кои биле дисперзирани низ двете хемисфери од струите на стратосферата од високата ерупција. Глобалните температури паднале за 3 степени Целзиусови во 1816 година и се обновиле во текот на следните години.

Исто така, се верува дека ерупцијата произвела цунами со бранови високи 10 метри.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука