X
 20.01.2022 Живот

Заштита oд UVA и UVB-зраци - за здрава и убава кожа!

Кога се зборува за сонцето, се мисли на живот, топлина, сјај и убавина... Но, покрај многубројните позитивни особини, како главен извор на витамин Д во организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, влијае врз менталното здравје, го подобрува расположението и спречува појава на многу други болести.
Покрај добрите уживања што ни ги овозможува сонцето, сепак изложувањето треба да биде свесно и умерено. Прекумерното или неконтролираното изложување на сонце, или подолго време поминато надвор, не ја зголемува количината на витамин Д во нашиот организам, туку дејствува обратно. Го зголемува ризикот на оштетување, а ова оштетување се однесува на кожата бидејќи е орган кој е најмногу експониран на сончевите зраци. Настануваат промени со многу сериозни последици, како што е карциномот на кожата.

Сончевата светлина е главен извор на (UV) ултравиолетови зраци.

UV-зраци се невидливи светлосни бранови што ги емитира сонцето, односно не се видливи со голо око за луѓето, а се присутни во сончевите зраци. При долгорочното или хроничното изложување (хоби, професија или интензивно сончање) доведуваат до нарушување на интегритетот на создавање еластин и колаген на кожата.
Оштетувањето од UV-зрачењето зависи од: јачината, зачестеност и времетраењето на изложувањето на сончевите зраци.


Д-р Макфирет Селмани

UV (ултравиолетовите зраци) што имаат штетно дејство врз кожата се UVA, UVB и UVC

UVA-зраците имаат долга бранова должина и продираат подлабоко во средниот дел на кожата (дермис). Овие зраци влијаат врз ДНК на клетките предизвикувајќи нивно оштетување, и како последица имаме тоа што никој не го посакува: предвремено стареење (фотостареење), дамки, дури и многу сериозни болести како што е рак на кожата.
UVA-зраците имаат можност да поминуваат низ облаци и стакло.

UVB-зраците се одговорни за акутните промени на кожата бидејќи дејствуваат во најгорниот слој на кожата (епидермис). Предизвикуваат промени кои настануваат многу брзо, и тоа веднаш видливи, како што е: црвенило, изгореници, алергии, предвремено стареење, и се разбира при хронично изложување имаме оштетување и појава на карцином на кожата.
UVC-зраците ги апсорбира озонската обвивка и тие не доаѓаат до Земјината површина.
Оштетувањето на озонската обвивка на Земјата го зголемува ризикот од зголемена изложеност на UV-радијацијата.
Како последица од сончево зрачење (UVA и UVB-зраците) може да настанува најсериозниот, односно најмалигниот карцином на кожата - меланом.

Превентивата е најдобар начин за да имаме здрава и убава кожа!

Поради горенаведените факти, за да имаме здрава и убава кожа, особено на делови од телото кои се повеќе експонирани на сонце: лице, врат и раце, треба секојдневна и адекватна заштита од штетното влијание на сончевите зраци.

Од посебно значење е едукацијата за нега на кожата.

Заштита и нега на кожата од сончевите зраци не треба да биде само кога сме изложени на плажа, езеро, базен или планина, туку да биде секојдневно во нормалниот живот, и во вршењето на секојдневните активности на надворешна средина.
Секогаш и секаде, кога сте експонирани на сончевите зраци, треба да нанесете заштитен фактор. Бидејќи штетните UV-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па дури и сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90% од UV-зрачењето минува низ него. Затоа не заборавајте да нанесете заштитен фактор.
Секојдневната рутина со нанесување крем со заштитен фактор се однесува на сите, без разлика на возраста. Затоа што UV-зрачењето од сонцето е присутно во текот на сите 365 дена од годината.
За адекватна заштита од штетните влијанија на сончевите зраци, се препорачува да се користат соодветни средства со висок заштитен UVA и UVB фактор.
Треба да се нанесе најмалку половина час пред да бидеме изложени на сончевите зраци. Средствата треба да се реаплицираат во временско растојание од околу 2 часа, а не да се нанесат само еднаш дневно, се разбира, зависно од тоа колку време ќе се експонирате на сонце. За најдобра заштита, се препорачуваат да се користат кремови со минимум SPF 15. Во зависност од фототип на кожата, годишното време, или колку време ќе биде изложувањето на сонце, ќе се користи SPF 30 или SPF 50.
За подобра заштита освен горенаведените средства со SPF на кожата, пожелно е да се употребуваат хидро и липосолубилни антиоксиданти (соединенија со токоферол и аксорбинска киселина) за да бидете максимално заштитени.
Заштитата на кожата е од суштинско значење, како од здравствен така и од естетски аспект. Грижете се за вашата кожа, секогаш и секаде и верувајте никогаш нема да ве разочара, ќе имате поздрава и поубава кожа!


Автор: д-р сци. Макфирет Селмани

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот