X
 10.02.2023 Живот

Посттрауматско стресно растројство - проблем на воените страдалници

Покрај телесните оштетувања и уништувањето на домовите, воените страдалници имаат лузни на душата. Депресивните и анксиозните реакции, промени на животните мечтаења и психосоматските реакции се чести последици на војните. Најчесто од сите дијагностички ентитети е посттрауматското стресно растројство ( PTSD – Postraumatic stress disorder), од кое не боледуваат само голем дел од војниците и ранетите, туку и бивши заробеници. Денешницата во својот развој има достигнато медикаментозна и психотераписка метода.

Воените и поствоените трауми на душата на војниците, прогонетите, заробениците и ранетите, а и на граѓаните кои секојдневно слушаат за тоа им оставаат лузни кои долго им пречат да се вклучат во секојдневното живеење. Животните искуства не се доволни за надминување на оваа траума, која претставува масовни и со голем интензитет растројства на личноста, што вклучува промена на системот на вреднување на сѐ околу себе.

Одгледување на личност во духот на почитување на човечкиот живот, хумани ставови и културни вредности на граѓаните кои на почетокот на воените случувања и средби со непријателот доаѓаат во конфликт со сопствените ставови и сите свои квалитети бидејќи и непријателството води до идеологија на поствоено одгледување на децата и младите во западноевропските земји, а непријателството останува варварски поим.



Траумата е силна фрустрација и на секоја фрустрација реагираме со стрес. Стресот е начин на неусогласеност помеѓу поединецот и околината. Стресот е одговор на опасност, стресот е и приспособување на нови животни услови. Вака набљудуван, стресот има позитивна улога во развојот, но кога станува збор за траума, тогаш одговорот на интензивен стрес не е променет и не е доволен за приспособување и наместо приспособување, доаѓа до нарушување, личноста нема одбранбени механизми и се појавуваат телесни и душевни симптоми на болеста. Во почетокот тој е стресна ситуација која исчезнува со исчезнување на траумата. Дистанцирањето од таквиот причинител е психотерапевтска препорака.

Доколку траењето на реакцијата на дистрес е подолго, има облик на посттрауматско стресно растројство PTSD.
Основните карактеристики на ова нарушување наликуваат на хроничен малиген облик на анксиозна невроза, што е разбирливо ако земеме предвид дека помеѓу стресот и стравот нема разлика. Стресот повеќе ја отсликува телесната состојба, а психијатарот, психологот и психотерапевтот ќе ја препознаат реакцијата на страв.

Хроничните стресни нарушувања содржат страв и тегоби, психомоторен немир и честа несоница. Лицето е раздразливо, агресивно, неретко и автоагресивно до суицидално.
Симптоматологијата на PTSD е и нарушување на расположението, автоагресија, губење иницијатива и склоност кон пасивност, како и неспособност за некои активности. Често е во конфликт со околината, предизвикува конфликти, обвинува и наоѓа неправилности во постапките на другите, особено ако тоа се авторитети.

Психосоматските нарушувања се хронични тешкотии кои понекогаш имаат и телесна манифестација. Кај таквите пациенти најчесто е нарушена дигестијата, а и другите телесни системи можат да бидат зафатени со психосоматски одговор, како на пример болести на кардиоваскуларниот систем.
Иако задолжителни симптоми на PTSD се постојано потсетување на траумата, во тие „спомени“ на пациентот му се повторуваат стресогените околности кои се исполнети со страв и непријатност. Неретко овие пациенти сонуваат трауматски доживувања, се обидуваат да најдат излез од ситуацијата во која се заглавени, сеќавањата постојано им се обновуваат и разрешуваат, но емоционално не можат да најдат мир. Преосетливоста поради која избегнуваат средби со личности од секојдневието, стравувајќи од нови фрустрации, исто така е редовна појава.

Во третманот најважни се стрпливоста и времето, временската оддалеченост од траумата понекогаш дејствува лековито. За да се подобри болниот, потребно е да се ординираат седативи, анксиолитици, но и антипсихотици. Терапијата има големо значење во регулирањето на состојбата на пациентот. Психотерапевтскиот пристап се состои од чести средби со болниот, индивидуална и групна терапија, со која на болниот му се овозможува катарза (празнење), но се настојува да се постигне и социјализација.
Техника на парцијална хоспитализација е избор на лекување, болниот е изолиран од својата средина, која може да му биде дополнителен извор на траума бидејќи може да биде неспособен за семејни обврски.



Болничкото лекување е резервирано за најтешките облици на ова растројство, кога болниот треба да се изолира од својата средина која може да му биде дополнителен извор на трауми, бидејќи се чувствува неспособен за извршување на семејните и работните обврски. При болничко лекување можно е да се даваат и поголеми дози на лекови, бидејќи е потребно да се дејствува на интензитетот на симптомите. Болниот треба постепено да се оспособи за парцијална хоспитализација или амбулантско лекување.

Во текот на парцијалната хоспитализација или болничкото лекување болните поволно реагираат на групно вежбање автоген тренинг. Релаксацијата е важен фактор во нивната ресоцијализација.

Во светот постојат клубови за автоген тренинг, а релаксацијата е важен фактор во нивната ресоцијализација. Клубовите за воени страдалници од војните во поново време се полни, а болните се под надзор на стручњаци од различни профили.

Да заклучиме – ако војната е зад нас, а опасноста од војна опстојува, ќе има сѐ повеќе посттрауматски стресни растројства. Клубовите се основани за згрижување болни во хоспитални услови, а надзорот е од стручњаци од повеќе профили – психијатар, психолог и психотерапевт, кои ги решаваат стресот и дистресот на преживеаните, причините за исклучително стресните случувања и промени на местото и начинот на живеење во за некои трајно непријатни околности во други држави и континенти. Вулнерабилноста на личноста може да доведе до компулсивно или астенично растројство на личноста, склоност кон изолација и тешкотии во социјализацијата, избегнување околности кои потсетуваат на траумата, психосоматски нарушувања, избегнување повторно преживување на траумата и враќање во своите огништа, соништа и сеќавања, несоница, раздразливост, суицидалност... Периодот на латенција може да изнесува неколку години, а болеста води до трајни промени на личноста.

Автор: Билјана Илиев, специјалист психијатар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот