Финците ги избегнуваат собирите на затворено за време на пандемијата, но тоа не значи дека ги напуштија здравите навики, напротив, најдоа нови начини да ги практикуваат.
„Спорт“ што неодамна го воведоа во секојдневието е трчањето, но на малку необичен начин - во волнени чорапи.
Во Финска годинава падна доста снег, а трчањето на снег во чорапи е уникатна вежба и обезбедува уникатно чувство на слобода, вели Пека Парвијанен, пилот на хеликоптер и страстен босоног тркач.
- Ова е традиционална финска лудост, мислам дека сите можеме да се согласиме - вели Пека во друштво на група луѓе во паркот Нуксио, во близина на главниот град Хелсинки.
- Станува збор за задоволство. Мислам дека тоа е добар спорт, силна вежба, но повторно тоа е само среќа - додаде тој.
Трчањето по чорапи стана популарно во Финска пред неколку години, но се практикуваше во потоплите месеци. Од друга страна, во оваа земја традиционален „спорт“ е да трчате низ снегот и да скокате во замрзнато езеро по престојот во сауна.
Трчањето по снег во
чорапи се смета за чекор напред.
- Можете да го направите тоа прилично лесно или потешко во длабок снег како што направивме сега. Но, чувството потоа е одлично. Добивате добра масажа на стапалата - вели Паравијанен.
Не им недостигаат топли волнени чорапи бидејќи Финците беа вредни во текот на долгите зимски денови поминати во затворени простории - плетеа.
Паравијанен препорачува да носите најмалку два пара, по можност три пара волнени чорапи за да извлечете максимум од еден тренинг.
Извор:
Reuters.com
Фото: Twitter