X
 17.10.2022 Живот

Лажни дојави за бомби во пет училишта во Белград

Српската полиција утврдила дека биле лажни дојавите за поставени бомби во пет белградски училишта, јави агенцијата „Бета“ повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи.

Утринава пристигнале пријави на е-пошта во пет училишта во Белград, а во една од нив е потврдено дека се работи за лажна пријава, соопшти претходно Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Како што се наведува, пријавите пристигнале во Медицинското училиште во Звездара, 13-та белградска гимназија, гимназијата „Барајево“ и на адресите на двете основни училишта „Павле Поповиќ“ во Враниќ и „Бранислав Нушиќ“ на Вождовац.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот