Дојави за поставени бомби пристигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и во Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Извор: МИА