X
 20.03.2019 Живот

Италијански политичар кој се противи на вакцинирање се зарази со сипаници

Италијанскиот политичар Масимилијано Федрига, член на „Северна лига“, партијата која се противи на задолжителната имунизација, доби сипаници, па мораше да помине четири дена во болница.

Вакцинирањето против дифтерија, тетанус, детска парализа, но и големи и мали сипаници и заушки е задолжително во Италија за упис на дете во градинка или во училиште.

- Добро сум, дома сум и закрепнувам. Им се заблагодарувам на сите - напиша 38-годишниот Федрига на социјалните мрежи откако излезе од болница.

Федрига, кој е гувернер на северната област Фриули-Венеција Џулија, пред две години беше жесток противник на воведувањето задолжителна вакцинација против 12 болести, меѓу кои и сипаници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот