X
 02.09.2020 Здравје

Последната недела: Помалку новозаразени од коронавирус, но повеќе починати

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020 година, направени се 9.944 тестирања за коронавирус, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи, што претставува намалување од 20,6% во споредба со претходната недела.

Новорегистрирани случаи има во 29 града во државата, а најголем дел се од Скопје (31,4%). Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20.  

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6,7%, што претставува намалување од 0,8% во споредба со претходната недела.
- Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели - велат од Министерството за здравство.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни.

Поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст 30-39 (138), 50-59 (122) и 20-29 (113). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (12) и 10 до 19 години (31).

Извор: ИЈЗ

- Од случаите што се епидемиолошки истражени (98,6%), регистрирани се 71 хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 212 имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена - велат од Министерството за здравство.

Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица што биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 558 повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 града, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50 до 59 и 4 на возраст од 40 до 49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.  

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје