X
 03.06.2015 Живот

Како се добива дозвола за пилот во Индија?

пилот

 

Се чини дека во Индија доволно е да седните на седиштето на ко-пилотот и таму да останите 35 минути во текот на летот, за да добиете дозвола за управување со авион.


Така барем се случило со 25 годишниот Анупам Верма, кој е еден од 10-те други пилоти кои добија пилотска дозвола, а не ја поминале прописната обука.

„Што би било кога би летал и би ми се случел итен случај. Не би знаел ниту како ниту каде да слетам“, вели Верма. „Не само што би ги убил патниците, туку и постои можност да слетаме во некое село па да убиеме дупло повеќе луѓе“, вели преплашениот Анупам.

Оваа приказна доби важност во екот на неколкуте авионски катастрофи во кои виновен бил пилотот. Најновиот случај е рушењето на авионот „Germanwings“ кој бил управуван од Андреас Лубиц и кој убил 150 луѓе. Грижата околу индијските пилоти е жестока тема во последните 10 години. Постоеше само основани сомневања дека некои од пилотските дозволи се фалсификувани.

Со спроведената визија од 2011 година биле истражени најмалку 18 луѓе со фалсификувани дозволи. Пронајдени се и многу други примери на измама.

Фалсификати и часови на летање

„Во воздушните клубови е распространето внесувањето и фалсификувањето во книгите на летање“, изјави поранешниот комерцијалне пилот Мохан Рангантан. „Часовите се пријавени и од авиони кои не се во возна состојба. Еден на пример, немаше никакви мотори, а сепак биле пријавени часови на лет токму со овој авион“, вели тој.

Со зголемувањето на појавата на евтини летови, се зголемува и бројот на лажни летови. Од просечни 90, бројката скокна на 150 лажирани часа  лет, вели еден индиски пензиониран пилот. Тој додава дека авиокомпанијата може да открие кој пилот ја фалсификувал дозволата, но поради поседување на лиценца не може да ги отпушти од работа.

Многу големи индиски авиокомпании сега спроведуваат дополнителна обука за нивниот персонал. Овој потег ги доведе на голем број трошоци, меѓутоа претпазливоста е главниот мотив. Индиската влада прави дополнителни напори за да се спречи фалсификувањето на дозвол и документација како и ја зголемува безбедноста на авионската индустрија.

Откако американската администрација го намали сигурносниот рејтинг од минатата година, Индијците вработиле повеќе инспектори за сигурност и поминуваат низ континуирана ревизија на нивните авиокомпании.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот