X
 13.01.2021 Наука

Италијанка имала Ковид-19 уште во ноември 2019 година, велат истражувачите

Истражување на научници од Универзитетот во Милано покажа дека една млада девојка била заразена со Ковид-19 уште во ноември 2019 година.

25-годишната девојка имала атипичен дерматитис, па направила биопсија на нејзината кожа која го потенцирала присуството на новиот коронавирус, се вели во истражувањето објавено на 7 јануари од страна на „Британски весник за дерматологија“.

Така, таа би била „нулта-пациентот“ од епидемијата на коронавирус во Италија, што беше една од најсмртоносните во Европа.

Првиот официјален италијански случај беше регистриран кон крајот на февруари 2020 година. Но, неодамнешните истражувања во Италија обезбедија дополнителни докази дека вирусот можеби се ширел многу порано отколку што првично се мислело, а бил присутен во Европа уште  есента 2019 година.

Најновото истражување, координирано од Рафаеле Џаноти на Универзитетот во Милано, се заснова на анализи на биопсии на кожата извршени есента 2019 година.

Претходно истражување на италијански научници го открило новиот коронавирус кај секрети на грлото на 4-годишно момче, по направен брис на почетокот од декември 2019 година. Детето развило симптоми на настинка и грип во ноември, а потоа и исип сличен на сипаници на почетокот од декември.

Првата епидемија на Ковид-19 беше пријавена во Вухан, Кина, во декември минатата година - иако кинеските власти признаа дека имало случаи од ноември, предизвикувајќи сомнеж за транспарентноста на официјалните податоци објавени во јавноста.

Посебно истражување спроведено во Италија минатата година посочува дека коронавирусот можеби циркулирал во земјата уште од септември 2019 година.

Извор: Aa.com.tur
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука