X
 19.09.2015 Здравје

Едноставна техника помага во борбата против маларија во Африка

 маларија

 

Новиот извештај од Универзитетот во Оксфорд опишува дека вкупната бројка на инфекции од маларија во Африка опадна за околу 50% од 2000 година. Истражувачите тврдат дека причина за тоа во голема мера е една доста едноставна техника: мрежа за кревети.


Новото истражување комбинира база на податоци од 30.000 теренски истражувања за маларијата во суб-сахарска Африка со модели за тоа како интервенциите се распоредени низ целиот свет. Наодите покажуваат дека инфекцијата од паразитот „Plasmodium falciparum“ кој ја предизвикува најчестата форма на маларија кај луѓето, паднал на 50% во периодот меѓу 2000 и 2015 година.

Истражувачите исто така, направиле пресметки кои покажуваат дека разните интервенции поставени за справување со маларијата во Африка, спречиле 663 милиони случаи на болеста. Од нив, една од најпознатите и најлесни технолошки методи за борбата против маларијата -  мрежа за кревет со инсектицид. На друго место, истражувачите откриле дека третманот на клиничка маларија со терапијата базирана на артемисинин придонесува 22% да се намали маларијата, а употребата на затворено прскање уште 10%.

Иако ова се доста добри вести, водечкиот истражувач позади истражувањето, Д-р Питер Гетинг, посочува дека се`уште има многу да се направи. „300.000 деца се`уште умираат од маларија во Африка секоја година и покрај подобрувањата, пристапите до мрежите, прскањето и лековите. Се`уште постои доста работа што треба да се заврши. Покажавме дека овие евтини и ефективни контролни мерки дадоа придонес за намалување на маларијата во Африка, меѓутоа ова не е време за триумфализам - она што е потребно е да се удвојат напорите за да се заврши работата“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје