X
 20.04.2021 Забава

Светот доби и семафор за камили

Доколку ви кажат дека некаде во светот постои семафор за камили, веројатно би помислиле дека тој се наоѓа во Мароко или во некоја друга пустинска земја. Таков семафор навистина постои, но се наоѓа во Кина.

Кина неодамна го претстави првиот семафор за камили во светот, во близина на градот Дунхуанг во провинцијата Гансу. Семафорот има цел да им помага на туристите што ја посетуваат дестинацијата за да јаваат камили и треба да спречи „судири“ помеѓу камилите, кои очигледно се чести на тоа место.

Семафорот функционира исто како и другите семафори, со таа разлика што наместо светло за автомобили, на него има светло за камили. Семафорот е во функција од 11 април на туристичкото место помеѓу планината Мингша и потокот Сресент.



Извор: luxurylaunches.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава