X
 27.11.2020 Технологија

Како би изгледал еден самоодржлив град на Марс

Како дел од научната работа за натпревар организиран од „Марс сосајети“, американска непрофитна организација посветена на истражување на Црвената Планета, архитектонската фирма „Абибу“ ги претстави концептите за одржлив град на Марс.

Проектот наречен „Нува“ е победник меѓу 175 проекти поднесени од целиот свет годинава.

1

2

„Абибу“ го претстави проектот „Нува“ на конвенцијата на „Марс сосајети“ во октомври, на која присуствуваа Илон Маск од „Спејс екс“, „Џорџ Вајтсајдс“ од „Вирџин галактик“ и Џим Брајденстајн од НАСА. Работејќи од далечина од неколку глобални дестинации, „Абибу“ соработуваше со мрежата „Сонет“ за овој проект. Мрежата е составена од меѓународен тим на научници на чело со астрофизичарот Гилем Англада и експерти од астрофизиката, архитектурата, астробиологијата, вселенскиот инженеринг, астрогеологијата, психологијата и хемијата.

За справување со уникатните и сурови атмосферски услови, дизајнот вклучува вертикален концепт вграден во карпа. Има пет града во кои може да живеат од 200.000 до 250.000 жители. Секој град, освен главниот град Нува, ја следи истата урбана стратегија за да биде доволно флексибилен и да може да се примени на повеќе површини на планетата.

3

5

Модуларните „макрозгради“ се вметнуваат во карпите и се поврзани со тунели, а во нив има и станбени и работни простории.

6

grad

Инфраструктурата се поврзува со „небесните лобија“ што овозможуваат поглед кон пејзажот на Марс и заштита од надворешното зрачење.

Извор: Inhabitat.com
Фото: ABIBOO
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија