Државите низ светот препорачуваат самоизолација во обид да се намали ширењето на коронавирусот. Но, новo истражување од научници од Универзитетот „Оксфорд“ претпоставува дека голем дел од населението веќе има развиено имунитет на вирусот.
Истражувањето посочува дека пандемијата се наоѓа во подоцнежните фази, а не во почетните како што се претпоставува, и дека вирусот веќе заразил милиони луѓе низ светот. Во Велика Британија, каде што било спроведено истражувањето, половина од жителите досега би требало да бидат заразени. Доколку тоа е точно, ова значи дека заразувањето на глобално ниво почнало околу средината на јануари и дека повеќето од заразените случаи немале или имале слаби симптоми.
Фото: „Оксфорд“/Pixabay
Главниот истражувач, професорот Сунетра Гупта, која е теоретски епидемиолог, вели дека таа ја поддржува одлуката на британската влада да го забрани движењето во земјата за да се намали ширењето на вирусот, дури и доколку нејзиното истражување е точно. Доколку нејзината теорија е точна, тоа би значело дека голем дел од населението веќе стекнало имунитет на вирусот.
Според Гупта, сега треба да се направат тестирања за да се открие кој веќе го имал вирусот без да забележал. Нејзиниот истражувачки тим работи со групи од Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот во Кент на побрзо започнување на ваквите тестирања.
Извор:
Theweek.com
Фото: Pixabay