X
 20.06.2024 Технологија

ЕУ подготвува закон за масовен надзор на апликациите за допишување

Европската Унија се подготвува за воведување нов закон за масовно следење на комуникациите на граѓаните преку интернет, дури и преку шифрирани од крај до крај (end-to-end encryption - E2EE) апликации. За потсетување, E2EE шифрирањето значи највисоко моментално достапно ниво на безбедност и отпорност на шпионирање, следење на комуникацијата и сајбер напади. Разговорите преку услугите како што се „Вацап“ и „Сигнал“ се видливи само за учесниците.

Но, ако најновата регулатива на ЕУ ја помине потребната процедура, тоа наскоро би можело да се промени.

Имено, овој предлог-закон за првпат бил претставен во 2022 година, а деновиве во преден план излезе следната инстанца во гореспоменатата постапка. Според предлогот, целата комуникација преку апликациите за допишување масовно би се следела преку специјален софтвер, а предлагачите и поборниците на законот тоа го оправдуваат со потребата да се спречи сексуална злоупотреба на деца. Тоа значи дека секоја реченица, фотографија, видеоклип или кој било документ може да биде надгледуван од властите. Законот би се спроведувал на тој начин што сопствениците на апликации за допишување ќе се принудени да го инсталираат споменатиот софтвер на своите сервери и податоците да ги стават на располагање на надлежните органи.

-Ова автоматски имплицира крај на E2EE шифрирањето, што значи дополнително зголемување на ризикот од хакерски напади и генерално злонамерен софтвер кој краде лични податоци. Доколку овој закон навистина стапи во сила, „Сигнал“ ќе престане да функционира во Европската унија - коментирала Мередит Витакер, извршен директор на „Сигнал“.

Од „Мета“, чадор-компанијата на „Вацап“, засега нема коментар, но се очекува тоа е да се случи во разумен рок.

Противниците на овој закон во Европскиот парламент, тврдат дека тој ги нарушува основните слободи на граѓаните, односно дека ги лишува основните права на приватност. Ним им се придружиле и неколку комисии на Парламентот на ЕУ, кои ја изразуваат својата зачуденост од предложениот закон, а еден од нив е и Патрик Брејер.

-Неспорно е дека заштитата на децата е навистина исклучително важна, но прашање е дали тоа е единствената или главната причина за принудното масовно следење на комуникациите на граѓаните. За сите нас, ова сега отвора многу прашања за кои не можевме ни да сонуваме да ги поставиме пред неколку години – истакнал тој.

Извор: mob.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија