X
 20.07.2021 Економија

28.721 денар е просечната нето-плата за мај 2021

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денар. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година, во споредба со мај 2020 година, изнесува 108.8.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 %) и други услужни дејности (14,4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,0 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 %) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 42.917 денари, а индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.9.

извор: Државен завод за статистика

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија