Египтолози, писатели и научници уште во 70-те воделе дебата за расата на древните Египќани. Денес, некои од нив веруваат дека тие биле суб-сахарски Африканци.
Во меѓувреме, реакционерите велат дека никогаш не постоеле значајни црнечки цивилизации, што е лага. Постоеле неколку доста напредни африкански царства и кралства низ историјата.
Неодамна, група на меѓународни истражувачи, користејќи уникатни методи откриле дека античките Египќани се најтесно поврзани со народите од Блискиот Исток, особено Левант. Ова е источниот Медитеран кој денес ги вклучува земјите од Турција, Ирак, Израел, Јордан, Сирија и Либан. Мумиите биле од Новото Кралство и од подоцнежен период, кога Египет бил под римска власт.
Модерните Египќани делат 8% од нивниот геном со централните Африканци, далеку повеќе од античките, според истражувањето објавено во магазинот „Nature Communications“. Приливот од суб-сахарски гени се случил во последните 1.500 години. Ова може да се припише на транс-сахарската трговија со робови или едноставно од редовната трговија меѓу двата региони.
Египет во текот на античкиот период бил освоен многу пати, вклучувајќи од Александар Велики, од Грците, Римјаните, Арапите и други. Истражувачите сакале да знаат дал овие постојани бранови на напаѓачи предизвикале поголеми генетски промени во населението.
Истражувањето било спроведенод археогенетичарот Јоханес Краузе од Институтот Макс Планк. Историски гледано, постои проблем со пронаоѓањето на непроменета ДНК од античките египетски мумии.
„Жешката египетска клима, високото ниво на влажност во многу гробови и хемикалиите користени за време на техниките на мумификација продонесоа за деградација на ДНК со што предизвикаа неможност за долгорочен опстанок на ДНК во египетските мумии“, вели д-р Краузе.
Исто така, се сметало дека дури и да биде откриен генетски материјал, не би бил сигурен. И покрај тоа, Краузе и неговите колеги биле во можност да воведат робустно секвенцирање на ДНК и техники на верификација, и го завршиле првото успешно геномско тестирање на древните египетски мумии.
Сите биле од Абсуир ел-Мелек, археолошки локалитет кој се наоѓа по должината на реката Нил, на 115 километри јужно од Каиро. Прво, биле земени митохондријални геноми од 90 од мумиите. Од нив, Краузе и колегите откриле дека можат да ги добијат целите геноми од само три мумии. За истражувањето научниците зеле примероци од заби, коски и меки ткива.
Истражувачите ги однеле примероците во лабораторија во Германија. Тие започнале со стерилизација на собата, а потоа ги ставиле примероцте под УВ зрачење околу еден час за да ги стерилизираат. Од таму, тие биле во можност да секвенцираат ДНК.
Исто така, истражувачите собрале историски и археолошки податоци за на нивните откритија да им дадат контекст. Тие сакале да знаат какви промени се случиле низ времето. За да откријат, ги споредиле геномите на мумиите од 100 модерни Египќани и 125 Етиопијани. „1.300 години со ред, гледаме комплетен генетски континуитет“, вели Краус.
Најстарот секвенциониран мумија бил од Новото Кралство од 1388 п.н.е, кога Египет бил на врвот од својата моќ и слава. Најмладиот бил од 426 н.е кога земјата била управувана од Рим. Способноста да се добијат геномски податоци за древните Египќани е драматична достигнување, што отвора нови можности за истражување.
Постои едно ограничување според нивниот извештај: „Сите наши генетски податоци се добиени од еден локалитет во Среден Египет и може да не се за цел антички Египет“. Во јужниот дел на Египет, велат тие, генетскиот состав на луѓето може да е различен, со оглед на тоа што биле поблиску до внатрешноста на континентот.
Истражувачите во иднина сакаат да утврдат точно кога суб-сахарните африкански гени се нашле во египетскиот геном и зошто. Исто така, тие сакаат да знаат од каде дошле древните Египќани. За да го направат тоа, тие ќе мораат да идентификуваат постара ДНК од праисторијата.
Со користење на високо-технолошки техники за секвенционирање на ДНК и врвна автентикација, истражувачите покажаат дека можат да добијат сигурна ДНК од мумиите и покрај лошата клима и оштетувањето поради техниката на балсамирање.
Понатамошното тестирање ќе придонесе многу за нашето сфаќање на
древните Египќани, а можеби дури и за оние од други места, помагајќи да се пополнат празнините во колективната меморија на човештвото.