X
 09.07.2018 Култура

Загаденото Јадранско Море алармира: Кога ќе ги видите овие факти, никогаш повеќе ништо нема да фрлите во водата

Морскиот отпад е голем проблем, не само поради загадувањето на животната средина, туку и поради здравјето на луѓето. Освен тоа, последиците што ги предизвикува отпадот не се само естетски, туку претставуваат комплексен и повеќекратен проблем со значителни влијанија врз човечките активности низ светот.

Кога станува збор за овој алармантен проблем, ни Јадранското Море не е исклучок. Поради тоа е основана иницијативата „Зелено пловење“, чија цел е да промовира одржлив туризам и еколошко прифатлива практика во поморскиот сектор, како и спречување на загадувањето на морето и морското опкружување.

отпад
Фото: Green-sail.com


Иако многу луѓе и понатаму не обрнуваат внимание на ова прашање, тажната вистина е дека отпадот во Јадранското Море станува сѐ поразновиден. За да ја подигне свеста кај луѓето, иницијативата „Зелено пловење“ создаде инфографикон и преку илустрација покажа какви последици настануваат поради човековата негрижа.

Кога следниот пат ќе фрлите нешто в море, само сетете се на оваа слика и колку време е потребно за тој предмет да се пронајде или распадне.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура