X
 20.08.2024 Живот

Најмладата пратеничка во парламентот на Нов Зеланд го изведе хака-танцот за време на нејзиниот говор

Хака е еден од најпознатите елементи на културата на Маорите. Со енергични движења и удирања со нозете, овој воен танц е смел приказ на гордост и сила. Иако често се гледа на големи настани и собири, како свадби и спортски натпревари, неодамна беше виден во посвечен амбиент. Имено, Хана-Равити Кареарики Маипи-Кларк стана пратеничка во парламентот на Нов Зеланд, па го изведе хака-танцот во текот на нејзиниот говор во парламентот.

На 21-годишна возраст, Маипи-Кларк е најмладиот член на парламентот од 1853 година. Таа ја претставува „Те Пати Маори“, политичка партија која се залага за правата на Маорите, откако го освои своето место на изборите во Нов Зеланд во 2023 година.

Една година пред да му се приклучи на парламентот, таа упати искрена порака на 50-годишнината од Те Петихана, повик за признавање и ревитализација на маорскиот јазик.

Во говорот таа им се обрати на младите Маори.

- На моите помали браќа и сестри, мојата кума, моите внуки и внуци, без разлика што ќе излезе од оваа влада, ќе се погрижам нашите деца да нѐ слушнат. За секој човек што гледа од дома, за секој човек во оваа просторија, ова не е мојот момент; ова е твој момент. Секојпат кога ќе го слушнете мојот глас, тој ќе биде ехо на моите предци. Секогаш кога ќе ме погледнете в очи, ќе ги видите децата што преживеале. Во текот на следните три години ќе видите како историјата повторно се пишува без пенкало - изјави таа.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот