X
 20.09.2018 Живот

Ова е најдобрата земја за глобален развој

Шведска е светски лидер што придонесува за позитивен развој на посиромашните земји во светот благодарение на силната миграциона политика, покажува најновиот извештај на Центарот за глобален развој.

Годишниот извештај мери како домашната политика во 27. најбогати земји во светот влијае врз квалитетот на животот и развојот во посиромашните земји. Биле разгледани седум различни теми: помош, економија, технологија, природна средина, трговија, безбедност и миграција. Потоа, авторите на извештајот ја рангирале секоја земја во индексот „Посветеност кон развојот“, при што Шведска се најде на врвот, а минатогодишниот лидер Данска се најде на второто место.

- Добрата политика за развој е многу повеќе од помош. Иако е важно, политичарите во богатите земји мора да проценат како сите нивни одлуки, од политиката на бегалците до авторските права, им помагаат на земјите во развој или ги попречуваат - вели Масуд Ахмед, претседател на Центарот за глобален развој.

1
Фото: Marcus Ericsson


Високото рангирање на Шведска се должи на силните перформанси во животната средина (беше рангирана како втора од сите 27 земји), помош (трето место), трговија (петто место) и над сѐ, миграција, каде што се најде на врвот. Исто така, во извештајот се нагласува дека Шведска прифати најголем процент на бегалци од сите вклучените земји, освен Германија.

- Шведската програма за помош е една од најдобрите во светот, а тоа се однесува и на квалитетот и на квантитетот. Исто така, Шведска има многу добра миграциона политика и политика за животна средина - вели Анита Капели, еден од авторите на извештајот.

- Кога ќе ја разгледаме политиката за интеграција, барем на хартија, гледаме дека политиката на Шведска е многу добра. Но, се чини дека чувството кај населението е различно. Се чини дека не функционира - додава таа.

Извештајот истакна дека Шведска одобрила само 35 отсто од барањата за азил, што е под просекот меѓу земјите вклучени во индексот и е најниска стапка на прифаќање во текот на изминатите пет години.

За безбедноста, Шведска се најде на 20. место, а ниски поени доби и за економијата (11. место) и технологијата (13. место).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот