Јапонија го започнала проектот „Кимоно“ во 2017 година. Целта била да се дизајнира посебно кимоно за секоја земја во светот. Сите дизајни требало да бидат прикажани на церемонијата за отворањето на Олимписките игри во Токио, но овој план бил откажан поради мерките поврзани со пандемијата.
Сепак, проектот бил завршен и сите дизајни може да се видат на интернет. Секој дизајн е инспириран од различни аспекти поврзани со државата, како боите на знамето, географијата, архитектурата и дивиот свет. Кимоното за нашата земја може да се види во продолжение.
Сите дизајни може да ги погледнете
овде.
Извор:
My Modern Met