„Замислете, после долги години истражувања, научниците да објават дека постои третман кој е евтин, спасува животи и ги намалува здравствените трошоци. И за тоа не ви треба рецепт. Се чини дека тој лек веќе го имаме и тоа е аспиринот“, напиша доктор Роберт Х. Шмерлинг на „Harvard Health Blog“.
Фото: Pixabay
Во оваа студија, научниците го отвораат и прашањето што ќе се случи со здравјето на популацијата, долговечноста и трошоците за здравството, кога би се зголемила секојдневната употреба на аспиринот. Анализата на здравствените податоци на илјадници пациенти и проценката на влијанието на пошироката употреба на аспиринот, покажа вчудовидувачки резултати.
За жителите на Америка на возраст од 51 до 79 години, користењето на аспиринот во период од 20 години би можело да превенира 11 случаи на срцеви болести на секои 1000 луѓе, четири случаи на карцином, да го продолжи очекуваниот животен век за четири месеци и да овозможи дополнителни 900.000 луѓе да бидат живи и по 2036 година. Вкупната заштеда на име на здравствени трошоци би изнесувала 692 милиони долари.
Како и секој лек и аспиринот има недостатоци. Со дргите нуспојави, може да се јави алергиска реакција. Аспиринот ја разредува крвта и може да го иритира желудникот. Научниците ги зеле предвид и овие контраиндикации. Важно е да се знае дека оваа студија претпоставува користење на мали дози на аспирин, во просек 85 милиграми.
Аспиринот рутински се препорачува на пациенти со висок ризик од кардиоваскуларни заболувања и на лица кои доживеале срцев или мозочен удар. За сите други категории, препораките варираат. Некои лекари сметаат дека сите луѓе над 50-годишна возраст, треба секојдневно да го користат. Други пак, имаат поконзервативни препораки врз основа на возраста и ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај секој пациентот поединечно.
Аспиринот рутински се препорачува и за намалување на ризикот од некои форми на карцином кои имаат определени генетски состојби, како на пример, „наследен“ карцином на дебелото црево.
Оваа студија на крај заклучува дека во настојувањата да се најдат нови и подобри лекови, медицината не ги користи доволно предностите на лековите кои веќе се на располагање и смета дека големата корист на
аспиринот по здравјето на пациентите, сè уште не е во доволна мера исползувана.