„Дексаметазон“ е лек кој се користи за третирање воспаление на белите дробови кај пациентите со ковид-19. Ова бил првиот лек што се покажал ефикасен во третирањето на болеста минатото лето. Сепак, ново истражување покажува дека тој можеби не е ефикасен кај жените.
Истражувачи од Универзитетот на Калгари знаеле дека претходни испитувања покажале дека „дексаметазонот“ им помага само на мажите, а многу доктори признавале дека не се знае многу за лекот.
Фото: Pixabay
Затоа била направена
анализа на пациенти во болница во Алберта, која открила дека лекот го намалува ризикот од смрт кај мажите, но речиси нема ефект кај жените. Истражувачите забележале две различни реакции на лекот кај мажите и жените.
Во анализата биле вклучени пациенти со ковид-19 и луѓе што не се заразени со болеста за да се види ефективноста на лекот.
Потребни се дополнителни истражувања да се утврди зошто лекот има различна ефикасност кај мажите и жените, велат истражувачите.
Извор:
Fast Company
Фото: Pixabay