X
 28.10.2023 Здравје

Изложеноста на светлина во ноќта има негативен ефект врз менталното здравје

Научници од Универзитетот „Монаш“ проучувале како изложеноста на светлина влијае врз менталното здравје на луѓето во рамки на голема студија спроведена на 87.000 учесници.

Оваа студија покажа дека зголемената изложеност на светлина во текот на ноќта го зголемува ризикот на лицето за психијатриски нарушувања, како што се анксиозност, биполарно и посттрауматско стресно нарушување, како и самоповредување.

Покрај ризиците од изложеноста на ноќна светлина, студијата исто така покажа дека зголемената изложеност на дневна светлина може да дејствува како нефармаколошко средство за намалување на ризикот од психоза.

Кај луѓето што биле изложени на големо количество светлина во текот на ноќта, ризикот од депресија се зголемил за 30 отсто, додека оние што биле изложени на големо количество светлина во текот на денот го намалиле ризикот од депресија за 20 отсто.

Слични резултати беа забележани и со самоповредувањето, психозата, биполарното и посттрауматско стресно нарушување и анксиозноста.

Овие наоди покажуваат дека едноставното избегнување светлина ноќе и изложеноста на дневна светлина во текот на денот може да биде ефикасно, нефармаколошко средство за намалување на сериозните проблеми со менталното здравје.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје