Кампањата е присутна во сите десет европски земји на Групацијата Дојче телеком
Во време кога светот е поделен повеќе од кога било, Телеком ја започнува својата новогодишна кампања со пораката „Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат“. Кампањата инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето да се обидат да допрат до другите затоа што, и покрај разликите, сепак можеме да најдеме заеднички јазик.
Иако светот е поврзан повеќе од кога било, луѓето се сѐ поподелени, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, прифаќајќи ги само оние што изгледаат, размислуваат и се однесуваат како нив. Оваа сѐ поизразена поделба ја слабее колективната способност за разбирање и прифаќање на различностите.
- Како бренд, ние сакаме да ги поврземе луѓето. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека е важно и можно да ги урнеме бариерите што нѐ оддалечуваат. Нашата компанија е посветена на социјална кохезија и на поголема толеранција и на ниту еден начин не толерира омраза и провокации, дискриминација, расизам и екстремизам. Ние се залагаме за она што ги поврзува луѓето, општествата и културите - вели Улрих Кленке, раководител за бренд во Дојче телеком.
Поврзувањето почнува кога ќе се скршат бариерите
Новогодишниот филм е модерна бајка во која се раскажува приказна за две млади девојки кои живеат во различни светови, разделени со преграда од стакло. Но, и покрај разделеноста, тие сепак започнуваат блиско пријателство. Нивната детска отвореност и љубопитност триумфираат над невидливите бариери од предрасуди и тензии што општеството ги изградило помеѓу нив. Приказната води до еден моќен момент кога девојките разменуваат новогодишни подароци сфаќајќи дека цело време ја имале истата идеја. Едната девојка подарува цигла, а другата камен, симболизирајќи го нивниот заеднички план да го скршат стаклениот ѕид, еднаш и засекогаш. Кога бариерите од стакло се конечно скршени, девојчињата ѝ ставаат крај на физичката поделба што воедно претставува и почеток на нивната вистинска врска.
Телеком ја емитува својата новогодишна кампања во десет земји низ Европа: Македонија, Словачка, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Полска, Романија, Чешка и Унгарија.
Видеоспотот го режира наградуваниот германски режисер Алекс Фаил, кој стои зад познатите видеоспотови „The Small Escape“ и „Edekarus“. При снимањето му помагаше Мортимер Хохберг, директор на фотографија. Музиката ја компонира германското студио Supreme Music.
(Комерцијална објава)