До кој износ можете да броите со вашите прсти? Токму ова го објаснува математичарот Џејмс Тантон во неговото TED-Ed видео.
Повеќето луѓе би рекле дека можете да изброите до 10, со осум прсти и да палци. Малку понапредните луѓе знаат дека можете да одите до 12 на една рака, ако ги поделите вашите 4 прсти на три дела, со вашиот палец кaко сметач - удвоете го тоа и ќе стигнете до 24.
Слично на тоа, ако држите една рака, а ја користите другата да броите секој пат кога ќе стигнете до 12, може да имате 5 групи од 12 - или 60.
Користејќи ги деловите на другата рака ќе стигнете до 144.
Еве каде станува интересно. Можете да
броите и повисоко со пронаоѓање на повеќе бројни делови на вашата рака.
Постојат 3 делови по прст и 3 наобри - со што имате 6 нешта кои можете да ги броите. Со ова на ум, сега имате 24 на секоја рака, а целосно 48. Ако ја користите едната рака да ја бележите групата од 24, можете да стигнете до 576.
И тука не запирате. Можете да стигнете до 59.048, а видеото подолу ви покажува како.