Абрахам Маслоу е роден во 1908 година во Бруклин како најстар од седум деца во еврејско семејство избегано од Русија во Америка. Неговиот живот бил исполнет со болка, физичка и психичка. Тој имал паничен страв од јавни настапи и ја посветил целата своја кариера на потрагата по квалитетен живот и самоактуализација. Неговите необјавени текстови и книги предизвикаа огромен публицитет дури по дваесет години од неговата смрт. Денес овој американски психолог се смета за почетник на хуманистичката психологија.
Во своите книги, но и во текот на целиот свој живот, често го анализирал квалитетот на животот и мотивација барал исклучиво во себе.
Ова се 20 мисли на Маслоу за успехот што треба да ги читаме секој ден за да не скршнеме од патот и да запомниме што е навистина важно. Особено интересна е неговата дефиниција за злото, која е втора на листата.
1. Голема лекција е дека светото е во обичното, односно дека се наоѓа во секојдневниот живот.
2. Кога се чини дека луѓето не се добри и пристојни, тоа е само затоа што реагираат на стрес, болка или скратување на основните човекови потреби, како што се безбедност, љубов и самопочитување.
3. Бидете независни од доброто мислење на другите луѓе.
4. Она што е неопходно за промена на личноста е таа да ја промени својата свест за себе.
5. Клучното прашање не е што ја поттикнува креативноста, туку зошто сите не се креативни?
6. Способноста да се биде во сегашниот момент е главна компонента на менталното здравје.
7. Дефиниција за добро општество е она во кое се плаќа добрината.
8. Единствените среќни луѓе што ги познавам се оние што добро работат на нешто што го сметаат за вредно.
9. Една од целите на образованието би требало да биде учењето за тоа дека животот е скапоцен.
10. Приказната за човековата раса е приказна за тоа дека мажите и жените сами се продаваат.
11. Духовниот живот е дел од човековата суштина. Тоа е дефинирачка карактеристика на човековата природа без која човековата природа не би била целосно човекова.
12. Самата личност делумно е сопствен проект на кој цело време се работи.
13. Можеме да избереме да се вратиме назад кон безбедноста или да одиме напред кон раст.
14. Најубавата судбина, најубавата среќа која може да се случи во секое човечко суштество е да биде платен за тоа што тој страсно сака да го работи.
15. Се плашиме од нашите најголеми можности. Ние генерално се плашиме да станеме она што можеме да го уочиме во нашите најсовршени моменти.
16. Прекинувањето на пушењето може да биде многу добар тест на карактерот. Поминете го тестот и сте постигнале многу повеќе од ослободување од една лоша навика.
17. Целиот живот е образование и сите се учители и сите засекогаш се ученици.
18. Одново и одново ценете ги, свежо и наивно, основните нешта во животот, со почит, задоволство, чудење, па дури и екстаза.
19. Јас сум некој што сака копање на нов терен, а потоа се оддалечува од него. Едноставно ми е досадно. За мене големото возбудување доаѓа со откривањето.
20. Не грижете се кога не сте препознати, но настојувајте да бидете достојни за
признание.